Фудбалер почина на терен во Италија, во Шкотска почина боксер

Викендов спортот во Италија и во Обединетото Кралство е обвиен во црно бидејќи починаа двајца спортисти. Во Италија на 26-годишна возраст почина играчот на петтолигашот Кастелфиорентино, Матијан Џијани, и тоа за време на натпревар.

Тој доживеал срцев удар на мечот против Ланчато Кампи, по што веднаш бил префрлен во болница, но докторите не успеале да му го спасат животот.

Претходно, вистинска драма имаше и во Удине на дуелот од Серија А меѓу Удинезе и Рома бидејќи играчот на Римската волчица Еван Ндика се сруши на теренот. Тој сега се чувствува добро.

Во Обединетото Кралство почина поранешниот боксерски шампион Вили Лимонд на 46-годишна возраст, и тоа додека се подготвуваше за меч кој требаше да се одржи кон крајот на месецов.

Минатата недела на Лимонд му се слошило додека возел автомобил, по што бил префрлен во болница, а утринава починал.

„Татко ми почина во раните утрински часови, околу три часот. Се бореше речиси десет дена. Воин“, објави неговиот син Џејк на социјалните мрежи.

Лимонд во кариерата имаше 48 меча и оствари 42 победи, а беше европски шампион во суперперо категорија, а беше шампион на Комонвелтот во лесна и суперлесна категорија.

- Оглас -

Најнови вести