Бразилскиот фудбалер Брајан Боргес засекогаш ќе го памти тоа што му се случуваше неколку минути пред да стане татко. Неговата сопруга добила големи болки и тргнале кон болница. Сепак, болките биле толку силни и породувањето започнало порано од предвиденото.
Фудбалерот се обиде да ја одведе сопругата до автомобилот, но мораше да застане пред зградата и само за неколку моменти, трудницата се породи. Боргес стана татко на девојче. Набрзо притрчаа неколку луѓе кои му помогнаа на Боргес да ја стави сопругата и новородената ќерка во автомобилот и конечно да замине во болница.