Фудбалер се ожени па замина да игра, а невестата во венчаница го бодреше од прв ред (Фото)

Австралискиот голман Лук Бореан во ист ден имаше закажана венчевка и важен натпревар на кој мораше да настапи и успеа да се појави на двете места. Чуварот на мрежата најпрвин го кажа судбоносното „Да“, а потоа замина на стадион за игра на мечот помеѓу неговиот Лајонс и Пенинсула пауер од НПЛ во полуфиналето во сојузната држава Квинсленд.

Бореан, кој има 30 години, со девојката Елен се венчаа вчера, а 21 ноември беше избран бидејќи на тој датум е завршена регуларната сезона и веројатно тој не верувал дека ќе има обврски во плејофот. Но,, календарот се поместуваше поради пандемијата, па се најде во непријатна ситуација. Сепак, најдоа решение – денска свадба и вечерен натпревар.

На стадион дојдоа во смокинг и венчаница, Елен во венчаница и со вел на главата седеше во прв ред и го бодреше сопругот. Лајонс победи со 4-1, а по средбата, целиот тим се фотографираше со младоженците.

 

- Оглас -

Најнови вести