Фудбалер снимал сексуални односи со жени без нивна согласност и доби затворска казна

Поранешниот напаѓач на јужнокорејската репрезентација и играч на турскиот клуб Аланијаспор, Хванг Уи-Џо (32), е осуден на едногодишна условна затворска казна поради снимање интимни односи со жени без нивна согласност.

Тој настапуваше за репрезентацијата до ноември 2023 година, кога беше исклучен од националниот тим поради обвиненија дека една година претходно во четири наврати снимал две жени без нивна дозвола.

Хванг, кој постигна 19 голови во 62 настапи за Јужна Кореја и беше дел од тимот на Светското првенство во 2022 година, беше процесуиран за своите постапки. Судот во Сеул го уважи неговото покајание, го ослободи во еден од случаите, но во другиот го прогласи за виновен.

Кариерата ја започна во јужнокорејскиот Сонгнам, а потоа играше и за јапонскиот клуб Гамба Осака пред во 2019 година да прејде во Бордо. За францускиот клуб постигна 29 голови на 98 натпревари, по што замина во Нотингем Форест.


По позајмиците во Олимпијакос, Сеул и Норич, во 2024 година пристигна во Аланијаспор, каде што по позајмицата потпиша едногодишен договор.

- Оглас -

Најнови вести