Додека се оддаваше почит на Кралицата Елизабета, фудбалер со еден потег стана најомразениот лик на Островото (ФОТО)

Покрај натпреварите од Лигата на шампионите, вчера и денеска се вратија активностите и во Англија, односно и на Островот по смртта на Кралицата Елизабета Втора.

На сите средби се оддава минута молк, а фудбалерот на Виган, Џејмс Меклин, којшто е од Ирска, со еден потег ја разгневи публиката и стана најомразениот лик на Островот.

Меклин, кој е репрезентативец на Ирска, се одвои од соиграчите пред минутата молк пред мечот со Дерби од Чемпионшип лигата.

Со таквиот гест тој не сакаше да ѝ оддаде почит на починатата Кралица Елизабета Втора, а останува да се види дали тој ќе биде казнет од ФА за ваквиот потег.

- Оглас -

Најнови вести