Фудбалерите на Саутемптон го совладаа Лестер пред своите гледачи на „Сент Мери“ стадионот со 1:0 и повеќе не се последни на табелата во Премиер лигата.
Светците по 25 одиграни натпревари во Премиер лигата имаат 21 освоен бод колку што имаат и Евертон и Борнмут, на делба од 18-то до 20-то место на табелата.
Седумнаесеттиот Лидс кој е на позиција која гарантира опстанок во Премиер лигата, има само еден бод повеќе, додека Лестер остана на 24 бода.
Херој на Саутемптон беше фудбалерот кој има исто име и презиме како младиот шпански тенисер, Карлос Алкарас. Алкарас голот вреден три бода го постигна во 35-та минута, откако две минути претходно Џејмс Ворд-Праус не реализира пенал.
https://twitter.com/i/status/1632085184408420352