28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Фудбалер со идентично име како шпанската тениска ѕвезда му донесе победа на Саутемптон (Видео)

Фудбалерите на Саутемптон го совладаа Лестер пред своите гледачи на „Сент Мери“ стадионот со 1:0 и повеќе не се последни на табелата во Премиер лигата.

Светците по 25 одиграни натпревари во Премиер лигата имаат 21 освоен бод колку што имаат и Евертон и Борнмут, на делба од 18-то до 20-то место на табелата.

Седумнаесеттиот Лидс кој е на позиција која гарантира опстанок во Премиер лигата, има само еден бод повеќе, додека Лестер остана на 24 бода.

Херој на Саутемптон беше фудбалерот кој има исто име и презиме како младиот шпански тенисер, Карлос Алкарас. Алкарас голот вреден три бода го постигна во 35-та минута, откако две минути претходно Џејмс Ворд-Праус не реализира пенал.

https://twitter.com/i/status/1632085184408420352

 

- Оглас -

Најнови вести