Фудбалер со потекло од Македонија е пред трансфер во Манчестер сити

Манчестер сити е подготвен да плати отштета од 35 милиони евра за фудбалерот за врска на Клуб Бриж, Ардон Јашари.

Јашари е 22-годишен швајцарски репрезентативец, роден е во таа земја, а неговите родители се етнички Албанци од Куманово и одамна се имаат преселено во Швајцарија.

Откако одигра неколку сезони за швајцарскиот Луцерн, Јашари лани премина во Бриж за 6 милиони евра и прикажа одлични игри, беше прогласен за најдобар играч во лигата, па се најде на радарот на Сити. Инаку договорот со белгискиот тим му е до 2029 година.

- Оглас -

Најнови вести