Фудбалер во Саудиска Арабија не добил плата уште од декември, сега нема пари ниту за основните потреби

Алжирскиот интернационалец Харис Белкебла, како и многумина други фудбалери, се одлучи својата кариера да ја продолжи во Саудиска Арабија откако доби понуда која никогаш не би ја добил во Европа. Сепак, неговото искуство со играње на Арапскиот Полуостров ќе остане негативно бидејќи неговиот клуб Ал-Оход не му исплатил плата уште од декември минатата година.

Фудбалерот изминатите месеци не можел да ја плати киријата, ниту основните животни потреби, но сепак останал да ѝ помогне на екипата да се спаси од испаѓање од Втората лига. Откако сезоната заврши, фудбалерот се обратил до ФИФА, која сега го презема случајот, а Ал-Оход има рок до 19 месецов да му ги исплати сите долгови, во спротивно, ФИФА преку своите механизми ќе преземе драконски мерки против клубот.

Белкебла во својата кариера настапуваше за Валенсиен, Турс и Брест, додека за репрезентацијата на Алжир забележа 11 настапи.

- Оглас -

Најнови вести