Францускиот крилен напаѓач Антоан Гриезман му се нуди на тренерот Кике Сетјен да биде централен напаѓач на Барселона во периодот додека надвор од тимот е Луис Суарес, а тоа ќе бидат повеќе од три месеци.
Кога ќе се врати Усман Дембеле, тој ќе биде крило заедно со Лионел Меси, Ансу Фати ќе се врати на клупата за резерви, а местото главен шпиц во нападот ќе го заземе Гриезман. Управата на Барса реши да не купува напаѓач на последниот ден од преодниот рок, па голема е веројатноста улогата на Суарес да ја преземе Гриезман.
„Ако клубот мисли дека јас можам да играм како деветка, подготвен сум да се нафатам. Идеална позиција за мене е лево крило или полушпиц, но сакам да му помогнам на тимот и сè што е потребно ќе го правам. Навикнат сум да играм внатре во16-никот, знам како и каде да се движам“, изјави Гриезман.