-1.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Фудбалер загина во сообраќајка, откако во него удрил пијан возач!

Капитенот на фудбалскиот тим на Универзитетот Орал Робертс во Оклахома, Екене Кајнор, загина во сообраќајна несреќа. Фудбалерот кој имаше само 23 години, возел со својот автомобил, кога на една раскрсница од другата страна поминал автомобил кој со голема брзина удрил во возилото на фудбалерот.

Од силината на ударот, автомобилот на Кајнор се запалил, а очевидците на несреќата веднаш се обиделе да го извдат повредениот, но било неуспешно.

Човекот кој е виновен за сообраќајката се обидел да избега од местото на несреќата, но бил фатен. Тој бил во алкохолизирана состојба.

- Оглас -

Најнови вести