26.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Фудбалери фатени во полициска рација: Го прекршиле протоколот и уживале со „ноќните дами“

Полицијата на Канарските острови во Шпанија уапсила двајца фудбалери на Тенерифе, откако ги затекнала како уживаат со неколку дами во еден локален ноќен клуб. По дадена дојава, полицијата влегла во клубот каде затекнала 24 лица, а таму биле и фудбалерите Алберто Хименес и Хавиес Алонсо.

Полицијата соопшти дека во ноќниот клуб биле пронајдени наркотички средства и дека не се почитувале правилата за заштита од Коронавирусот. Никој од присутните не носел заштитна маска.

Еден од фудбалерите бил препознат благодарение на тетоважите, а потоа и од клубот потврдија дека двајца нивни фудбалери се уапсени. Од тенерифе најавија дека дополнително ќе покренат истрага во клубот и ќе ги санкционираат играчите кои ги прекршиле протоколите за заштита од Коронавирусот.

Поради зголемениот број на заразени од опасниот вирус, властите на Канарските острови воведоа полициски час по 23 часот, а на отворено е забрането да седат повеќе од шестмина на една маса.

 

- Оглас -

Најнови вести