Фудбалери излегоа од автобус за да се тепаат со навивачи (Видео)

Освен во европските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар, се вжештува и во азиските квалификации. Обединетите Арапски Емирати и Ирак играа 2:2 во Дубаи, а гостинските навивачи не беа задоволни од освоениот бод.

По завршување на мечот, тројца фудбалери на Ирак излегоа од автобусот во којшто беа и сакаа да се тепаат со незадоволните навивачи кои дофрлуваа навредливи коментари кон фудбалерите.

Ајмен Хусаин, Бајеш и Ала Мхави беа воинствените играчи, а според некои пишувања, еден од фудбалерите дури и удрил навивач, а потоа реагирала полицијата да не се счучи поголем инцидент.

По четири одиграни кола во групата во која има шест селекции, ОАЕ и Ирак остануваат без ниту една победа и со три бода се на делба на четвртото и петтото место.

 

- Оглас -

Најнови вести