Фудбалери на Барса во САД се сликаа со девојки, позата на Пике е хит!

Екипата на Барселона пристигна на подготовки на Флорида во САД, а таа прилика сакаа да ја искористат неколку девојки кои се вработени во компанија спонзор на Каталонците за да се фотографираат со дел од ѕвездите на Барса.

Една таква фотографија стана хит на социјалните мрежи, а причината е ставот на Жарарт Пике, кој само пред неколку недели се разведе со пејачката Шакира, со која има и два сина. Освен на приватен план, на Пике и фудбалски не му е лесно периодов, Барселона најавува уште едно засилување во одбраната, па Пике веројатно ќе биде резерва.

Замислениот дефанзивец и во женско друштво е мртов сериозен, застанат е како на фудбалски меч во жив ѕид, а со рацете се држи за половиот орган. Доволно за позата да стане хит и да предизвика многу коментари.

- Оглас -

Најнови вести