На враќање од гостување кое го загубиле, фудбалерите на хрватскиот третолигаш Ускок Клис, се претворија во вистински херои, спасувајќи живот на човек кој беше заглавен во запален автомобил на автопат во близина на Задар.
Автобусот на Ускок, бил удрен од автомобил во задниот дел, а автомобилот продолжил да се движи неконтролирано и удрил во амбулантно возило кое случајно се нашло таму, при што во еден миг се запалил. Во автомобилот имало тројца патници, а ситуацијата се претворила во трка со времето.
Пожарот се ширел и се заканувал да го зафати целото возило, а играчите на Ускок реагирале без двоумење. Меѓу првите што се стрчале кон запалениот автомобил биле Илија Ступало, Игор Врвило и Јосип Жељковиќ, и заедно успеале буквално во последен момент да го извлечат возачот, спасувајќи му го животот.
Пламените јазици набрзо го зафатија целиот автомобил, но благодарение на храброста и смиреноста на играчите на Ускок, беше избегната трагедија.
Надлежните служби набрзо пристигнале на местото на настанот, но клучниот момент се случил токму во тие први секунди кога Ступало, Врвило и Жељковиќ покажале исклучителна храброст и човечност.
Во вечерта што започна со спортско разочарување, Ускоците се вратија дома како вистински херои.

