Фудбалери на српски тим паѓале како покосени од труење од бојлерот на гас!

Фудбалерите на српскиот нисколигаш Кушиљево преживеаја вистински хорор откако по мечот од Поморавската лига, во соблекувалната на клуб од селото Мешево загубиле свест, па биле пренесени во болница во Крушевац. За среќа, никој не бил во животна опасност, па вечерта се вратиле во својот Свилајнац.

Според полицијата, во соблекувалната имало неисправна инсталација, поточно дошло до протекување на гас и фудбалерите додека се туширале, имале мачнина и губеле свест. Проблемот бил што една плинска боца била приклучена на бојлер бидејќи така ја грееле водата.

„Коректно бевме дочекани од страна на клубот Мешево, нивните играчи први имаа тегоби, мачнина, ги болеше глава, не знаевме што се случува. Не знаевме дека има истекување на гас. По паузата, четворица играчи бараа да бидат заменети, не им беше добро. По мечот, само што завршија со туширање, кој како излегуваше од соблекувална, така паѓаше. Петте најзагрозени играчи беа однесени во болница во Крушевац“, изјави член на управата на Кушиљево.

- Оглас -

Најнови вести