19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Фудбалери на Црвена ѕвезда физички биле нападнати на мечот против Пафос! (Видео)

Пафос обезбеди историско учество во лигашкиот дел на Лигата на шампионите, откако ја елиминира Црвена ѕвезда, но вистински хаос се случуваше на Кипар во самиот финиш од мечот, односно во судиското продолжение.

Камерите забележаа дека се случува нешто на трибината, и тоа на местото каде што се дел од фудбалерите на Црвена ѕвезда и раководството на клубот. Тренерот на „црвено-белите“, Владан Милојевиќ, по мечот изјави дека двајца фудбалери се претепани, а српските медиуми откриваат дека биле нападнати токму од луѓето кои треба да го гарантираат редот на трибините.

Веднаш по мечот, Марко Арнаутовиќ, во поттрибинскиот простор тргнал да ги „одмаздува“ своите соиграчи, а видеото на „Телеграф“ може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести