Фудбалерите на два тима од Германија, се договорија меѓусебниот натпревар в недела да го играат сосема голи, како знак на протест против комерциализацијата во фудбалот. Организатор на двобојот во гратчето Ер-Еркенсвик од областа северен Рур е фотографот Герит Старчевски.
„Фудбалскиот систем е болен. Со овој потег сакам да им дадам пример за природноста, јас сум против зависноста и влијанието на социјалните медиуми и лошите идеи за тоа што е убавина“ – изјави Старчевски.
За настап досега се пријавија 20 фудбалери, а на трибините ќе нема публика поради пандемијата од коронавирус. Еве отрилика како ќе изгледаат нудистичките тимови: