13.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Фудбалери со исто презиме беа исклучени поради фаули „за во затвор“ (Видео)

Мамаду Кулибали со ѕверски фаул над Николас Таљафико му направи лоша услуга на својот Монако, оставајќи го со човек помалку на дербито од француската лига против Лион.

Кулибали ја крена ногата високо и со крампоните го удри противникот по главата и вратот, па за бруталноста доби директен црвен картон. Фаулот погледнете го ТУКА.

Вчера уште еден фудбалер со презиме Кулибали се истакна со грубост поради која беше казнет со заслужен црвен картон.

Тоа беше Војо Кулибали од Сасуоло, кој на мечот Мали – Тунис од Африканскиот куп на нации, со невнимателен старт за малку ќе му ја скршеше ногата на противничкиот играч Ханибал Меџбри.

За среќа, Тунижанецот мина без повреда и продолжи да игра. Погледнете го фаулот на Кулибали:

- Оглас -

Најнови вести