Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години загуби убедливо од Словачка со 3-0 на вториот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Словаците прашањето околу победникот го решија уште во финишот од првото полувреме, откако набрзина дојдоа до водство од 2-0. Дикос во 34-тата минута донесе водство за Словачка од 1-0, а Синанов со автогол во 38-мата минута ги постави конечните 2-0 на паузата. Во второто полувреме Словачка постигна уште еден гол преку Петрушка во 67-мата минута, со што ги постави конечните 3-0.
Македонија во првото коло одигра 2-2 против Летонија, но се уште има шанси за пласман во следната фаза. За такво нешто ќе ни биде потребна победа над домаќинот на турнирот, Луксембург, во последното коло, но и помош од Словачка, која не смее да загуби од Летонија.