31.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Фудбалерите до 21 година убедливо поразени на гостувањето кај Полска (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година го започна новиот циклус квалификации со убедлив пораз на гостувањето кај Полска. Нашите младинци загубија со 3-0 во Краков, откако домашните со подобра игра во текот на сите 90 минути заслужено ги освоија трите бода.

Резултатот беше отворен во 22-рата минута, кога Пиеко центрираше, но топката удри во Адриан Зенделовски и заврши во мрежата на Љупче Џеков.

Овој резултат стоеше на семафорот се до 65-тата минута, кога Регула зголеми на 2-0, а само три минути подоцна погоди и Пиенко за убедливи 3-0.

Младата македонска репрезентација следниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 го игра во понеделник, кога во Битола ќе гостува селекцијата на Италија.

- Оглас -

Најнови вести