20.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Фудбалерите до 21 година уште еднаш одиграа без голови против Косово

Македонската репрезентација до 21 година повторно одигра без голови (0-0) против врсниците од Косово, во вториот пријателски натпревар кој денеска се одигра во Скопје.

Како и на првиот натпревар одигран пред три дена во Приштина, избраниците на селекторот Горан Станиќ не успеаја да ја затресат мрежата, ниту пак да креираат сериозна закана по противничкиот гол.

Селекторот се одлучи за изменет состав во споредба со првиот дуел, но и покрај новите имиња на теренот, недостасуваше конкретна завршница во нападот.

Ова беше генерална проба за Македонија У21 пред почетокот на квалификациите за Европското првенство, кои започнуваат на 5-ти септември со натпревар против Полска на гости.

- Оглас -

Најнови вести