Португалската фудбалска федерација соопшти дека челниците на лигата, клубовите и самите фудбалери ќе преземат комплетна одговорност за последиците кои може да се случат доколку продолжи првенството за време на пандемијата од корона-вирусот.
Од Португалија е најавено дека првенството треба да продолжи на крајот на овој месец, односно на 30 мај, а од Федерацијата се децидни дека фудбалерите во секој момент го преземаат ризикот од инфекција и ќе сносат одговорност за можните последици од болеста.
Мечевите во Португалија ќе се играат пред празни трибини. По досега одиграните 24 кола, Порто е лидер со 60 бодови, додека Бенфика е втора со 59 бодови и тие два клуба ќе се борат за титулата.