Фудбалерите ги чека премија од неколку милиони евра за пласман на СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе отпатува во Копенхаген, каде што в четврток ја очекува дуел против Данска во баражот за пласман на Светско првенство 2026. Голем е мотивот кај сите фудбалери затоа што имаат историска шанса да бидат првите кои успеале да ја одведат Македонија на завршница на еден Мундијал.

Доколку ја елиминираат Данска, пред Македонија ќе има само уште една препрека за да се стигне до толкупосакуваниот пласман на планетарен собир, а тоа ќе биде подобриот од дуелот меѓу Република Ирска и Чешка, а тој меч ќе се игра на 31 март.

Освен мотивот да испишат фудбалска историја, играчите ќе имаат и голема финансиска сатисфакција доколку успеат да се пласираат на СП 2026. Од Фудбалската федерација на Македонија засега официјално не соопштуваат колкава ќе биде премијата за пласман меѓу најдобрите 48 репрезентации во светот, но јасно е дека Светската фудбалска федерација има подготвено 10,5 милиони евра премија за секој учесник на завршницата.

Македонија досега била дел на едно Европско првенство, тоа кое се одигра во 2021 година, а премиите за фудбалерите тогаш беа одлични. Бидејќи Македонија на ЕП се пласира преку Лигата на нациите, најпрво за првото место во Д сегментот членовите во националниот тим добија премија од речиси еден милион евра, а потоа со одлука на Управниот одбор на ФФМ, за пласманот на ЕП 2020 премијата беше 3,2 милиони евра. Значи, вкупно за историскиот прв настап на едно големо натпреварување, фудбалерите тогаш поделија речиси 4,2 милиони евра.

Сега нашиот сон е пласман на СП 2026, а доколку тоа се случи, премијата сигурно ќе биде во неколку милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести