Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг на комплексот на ФФМ, со што и официјално започнаа подготовките на националниот тим за натпреварите против Белгија и против Казахстан. Ова е многу важен прозорец од мундијалските квалификации, затоа што доаѓаа по завршувањето на клупската сезона и треба да се извлече максимумот, со оглед дека сите се на крајот од силите.

Селекторот Благоја Милевски напомена дека очекува Македонија да се претстави многу подобро од минатиот јуни, кога резултатски поминавме лошо, токму по завршувањето на клупските активности на фудбалерите.

Белгијците се силни, но исто така и мотивот кај нашите репрезентативци ќе биде огромен. Секако, ќе имаат и максимална поддршка од фановите на Арената „Тодор Проески“ на 6 јуни.
Три дена подоцна Македонија ќе одигра квалификациски натпревар и против Казахстан во Астана.