Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го одработи првиот тренинг на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во ФФМ, во пресрет на пријателските натпревари против Хрватска и Чешка.
Селекторот Благоја Милевски на првиот тренинг ги немаше сите репрезентативци на располагање, Барди, Димитриевски, Трајковски, Велковски, Зајков, Шишковски и Ашковски, поради клупски обврски на колегите од националниот тим ќе им се приклучат утре.
Првиот пријателски натпревар Македонија ќе го одигра на трети јуни во Риека против Хрватска, а на десетти јуни е закажан дуелот со Чешка кој ќе се игра во Храдец Кралове.