Фудбалерите го почувствуваа теренот на легендарната „Јохан Кројф арена“ (фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија се пресели во Амстердам каде што треба да го одигра последниот натпревар од групната фаза, против домаќинот и фаворитот Холандија.

Поразите од Австрија и Украина претрпени во Букурешт се минато, она што им преостанува на Рисовите во добро светло да се одјават од ова историско за нас Европско првенство.

Првотимците кои вчера играа против Украина беа поштедени од тренингот со цел да се рехабилитираат за средбата против Лалињата, додека останатите играчи на Ангеловски ја почувствува тревата на легендарната „Јохан Кројф арена“.

Дуелот Македонија – Холандија е закажан за в понеделник со почеток во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести