Фудбалерите на Селтик со победата од 3-2 над Ст. Мирен и официјално станаа шампиони на Шкотска, откако му избегаа на најголемиот конкурент, Глазгов Ренџерс, со осум бода. За „целено-белите“ ова е 52-ра титула во историјата на клубот, а после натпреварот на „Селтик парк“ навивачите и фудбалерите славеа со палестински знамиња.
„Зелена бригада“, како што се нарекуваат дел од навивачите на Селтик продолжуваат со отворената поддршка за Палестина, а сега тоа беше манифестирано и на прославата на титулата. Клубот долго се обидуваше да ги одврати од поддршката за Палестина во војната со Израел, дури и им беше забрането да присуствуваат на натпреварите, но очигледно дека навивачите на Селтик победија во оваа битка со раководството на клубот.