Барселона и нејзините навивачи конечно дочекаа тимот повторно да заигра како домаќин во својот дом „Камп Ноу“, иако реновирањето на најголемиот стадион во Европа уште не е целосно завршено.
Каталонците попладнево од 16.15 го пречекуваат Атлетик Билбао, а на трибините ќе може да има 40-тина илјади фанови.
Претходниот официјален меч кој се одигра на „Камп Ноу“ беше Барселона – Мајорка, на 28-ми мај 2023 година. Барса победи 3-0 со два гола на Ансу Фати и еден на Гави. Тогаш тренер беше Чави, а од клубот се простија Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Сега тимот е многу поразличен, а и стадионот, иако уште не е довршен. Конечниот изглед ќе се добие во 2027 година кога ќе можат да присуствуваат 105.000 навивачи.

