Фудбалерите кои прележале коронавирус, по заобиколен пат ќе се враќаат на терен

Голем број на фудбалери, посебно во Италија и Шпанија, заразени се со коронавирусот, а еден италијански професор по име Антонио Спатаро, рече дека за овие играчи, ќе има посебни услови за повторно да се вратат на терен, и ќе мора да минат низ поригорозни лекарски прегледи отколку другите.

Коронавирусот може да ги оштети белите дробови и срцето, па затоа и со спортистите кои оздравеле, мора да се биде внимателен и да се прегледуваат детално.

„Оние што имале коронавирус, ќе мора да имаат дополнителни прегледи и ќе им биде потребна посебна дозвола за продолжување на кариерата. Мора да се утврди како вирусот влијаел на нивната психолошка и физичка состојба. Ќе бидат потребни ригорозни тестирања кај специјалисти, бидејќи овој вирус може да влијае на активноста на срцето и респираторниот систем“ – вели Спатаро, кој додаде и дека пред продолжување на сезоната, ќе мора да се даде период за подготовки, бидејќи паузата е долга и не може спортистите веднаш да бидат „фрлени во оган“ и да се натпреваруваат како да немале пауза.

- Оглас -

Најнови вести