23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Фудбалерите молат за пари за да може да играат на континенталниот собир

Фудбалската репрезентаија на Бурунди направи историски успех откако за првпат се пласираа на завршницата на Африканскиот куп на нациите. Во квалификациите беа во група со Мали, Габон и Јужен Судан, а Бурунди успеа да обезбеди место на завршницата која ќе биде во Египет.

Континенталниот собир е од 21 јуни до 19 јули, а претседателот на Фудбалската федерација на Бурунди, Ревериен Ндикуијо, јавно побара пари бидејќи нема доволно средства.

„За пат до Египет и сместување потребни се 290.000 евра. Во касата имаме 177.000 евра. Тоа значи дека ни недостасуваат уште 113.000 евра и сега е време да ни помогнете. Од сите ни е потребна помош. Државата колку може, но и секој поединечно. Отворивме банковни сметки за уплата, па помогнете кој колку може“, вели претседателот на Фудбалската федерација на Бурунди.

- Оглас -

Најнови вести