Фудбалерите на Ајакс и Хераклес творци на најдобрата приказна викендов (Видео)

Фудбалерите на Ајакс без поголеми проблеми со 4:1 го победија Хераклес, но мечот се памти по потегот кој беше уште на стартот на средбата. Двете екипи во договор со судијата, решија првата минута од дуелот да го посветат во борба против расизмот.

Душан Тадиќ го изведе почетниот удар, но наместо да почне натпреварот, играчите на двете екипи, судијата, заедно со публиката и сите останати на стадионот, започнаа да аплаудираат во знак на поддршка за Ахмед Мендес Мореира од второлигашот Ексцелсиор, кој беше расистички навредуван во текот на гостувањето кај Ден Бош.

Едноставно во Холандија на големо трае борбата против расизмот, а тоа се покажа и на последниот меч на националниот тим, која Френки де Јонг и  Џорџино Вајналдум покажаа дека бојата на кожата не смее да биде причина за разидинување. Сега и играчите на Ајакс и Хераклес се вклучија во борбата против расизмот.

- Оглас -

Најнови вести