Фудбалерите на Астон вила имаат бизарен проблем поради кој не ги сакаат новите дресови

Екипата на Астон вила добро ја започна новата сезона, во првите шест кола има четири победи и два порази, но фудбалерите имаат чуден проблем со опремата која им ја обезбедува англискиот производител на спортска опрема „Касторе“.

Тие веќе им се пожалија на менаџерот Унаи Емери и на управата на тимот на дресовите со коишто играат сезонава дека лошо ја впиваат потта и тоа им создава големи проблеми за време на натпреварите.

Фудбалерите се жалат дека само по десетина минути игра, дресовите се натопуваат со пот, стануваат потешки и им го отежнуваат движењето.

„Фудбалериите играат со „влажни“ дресови и тоа е голем проблем за нив кој мора да се реши. Не може така да играат цела сезона. Тие само по десет минути изгледаат како да скокнале во базен“, изјави неименуван член на Астон вила за весникот „Телеграф“.

Управата на Астон вила го контактирала производителот и побарала од нив во експресен рок да го реши проблемот со дресовите.

„Касторе“ е компанија која е формирана во 2015 година и во последните неколку години успеа да потпише договори за спонзорство со доста екипи, а најпознати од нив се Њукасл, Севиља, Баер Леверкузен, Астон вила и Вулверхемптон.

Со сличен проблем се соочија и фудбалерите на Брентфорд, кој настапуваат во опрема на далеку попознатиот англиски производител на спортска опрема „Умбро“. Дресовите не ја впивале најдобро потта и само за 45 минути тие биле потешки дури за половина килограм.

 

- Оглас -

Најнови вести