Ниту во Лигата на шампионите не е сѐ идеално. Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид упати жалба до УЕФА за условите што ги добил тимот на вечерашниот официјален тренинг на стадионот „Емирати“ во пресрет на утрешниот меч со Арсенал во Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Атлетико Мадрид немале топла вода да се истушираат во соблекувалната откако го одработиле официјалниот тренинг пред натпреварот. Да биде уште полошо, тренингот се одржал во дождливи услови.
Откако сфатиле дека нема да имаат адекватни услови на „Емирати“, експедицијата на Атлетико Мадрид експресно се упатила кон хотелот каде фудбалерите конечно добиле вистинска можност за лична хигиена после исцрпувачките напори.