Фудбалерите на Екваторијална Гвинеја ќе поделат премија од милион евра!

Африканскиот куп на нациите донесе многу изненадувања во групната фаза, а, секако, едно од најпријатните претставувања на турнирот е тоа на селекцијата на Екваторијална Гвинеја. Оваа репрезентација беше во втор план во групата во која беа домаќинот Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и Гвинеја Бисао.

Сепак, со одлични игри, Екваторијална Гвинеја (1:1) прво ремизира против Нигерија, потоа очекувано славеше над Гвинеја Бисао (4:2), па во последното коло го изненади домаќинот Брегот на Слоновата Коска и го победи со неверојатни 4:0, иако беше аутсајдер.

Токму таа убедлива победа над Брегот на Слоновата коска за Екваторијална Гвинеја го донесе првото место во групата. Лидерската позиција во групата значи дека фудбалерите на оваа земја во којашто живеат само 1,5 милиони жители ќе поделат премија од еден милион евра, ветени од претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обијанг Нгема. Овој е најдолговечниот актуелен владетел во светот.

Во оваа западноафриканска земја од добивањето на независност во 1968 година од Шпанија, во Екваторијална Гвинеја имало само двајца претседатели. Обијанг дојде на власт во 1979 година на местото на неговиот чичко Франсиско Мариас Нгема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести