29.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Фудбалерите на европскиот шампион доминираат во тимот на сезоната во ЛШ (Фото)

Фудбалерите на новиот европски шампион Манчестер сити, доминираат во тимот на сезоната во Лигата на шампионите.

Европската фудбалска федерација ги објави 11-те најдобри фудбалери во Лигата на шампионите за изминатата сезона и на неа се наоѓаат дури седум фудбалери на Манчестер сити. Тоа се Кајл Вокер, Рубен Дијас, Џон Стоунс, Родри, Кевин де Брујне, Бернардо Силва и Ерлинг Халанд.

Покрај играчите на Сити, во најдобриот тим има и по двајца фудбалери на Интер и Реал Мадрид, Алесандро Бастони, Федерико Димарко, Тибо Куртоа и Винисиус жуниор.

 

- Оглас -

Најнови вести