Фудбалерите на Легија биле уапсени бидејќи претепале член на обезбедувањето и му ја скршиле раката

Фудбалска Европа синоќа беше во шок по сцените кои се случија на стадионот на АЗ Алкмар, кога холандската полиција уапси двајца фудбалери на Легија Варшава, Жосуе и Радован Панков, а притоа го тепаше и претседателот на полскиот тим, а денеска медиумите ја открија причината.

Холандскиот весник „Де Телеграф“, објави дека двајцата фудбалери се уапсени бидејќи претепале член на обезбедувањето.

Весникот пишува дека човекот бил удрен од ѕид на излезот од стадионот кој водел кон автобусот на фудбалерите на Легија и според протоколите, излезот веднаш бил затворен. Човекот кој бил нападнат од фудбалерите заработил скршеница на лакотот и потрес на мозокот.

„По нападот на обезбедувањето, фудбалерите насилно ја отвориле затворената врата на стадионот АФАС за да влезат во автобусот. Потоа вооружена полициска единица одлучија да влезе во автобусот за да ги спречи осомничените да избегаат“, пишува „Де Телеграф“.

Двајцата фудбалери ноќта ја поминаа во затвор, а инцидентот предизвика дипломатски скандал бидејќи остра реакција дојде од премиерот и претседателот на Полска, кои му наредија на министерот за надворешни работи да реагира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести