Фудбалерите на Ливерпул „летаа“ со 200 километри на час

Ливерпул потполно го надигра Манчестер јунајтед во дербито кое се одигра на „Енфилд“. Тоа го знае и Мурињо, кој призна дека „црвените“ беа многу подобри.

Супер-замената Шаќири со два гола во вториот дел ги растури „црвените ѓаволи“ за конечни 3-1, што воедно значеше и петти пораз за Јунајтед сезонава во Премиер лигата.

„Ливерпул беше подобар тим. Не можевме да најдеме решение за нивната агресивна игра. Тие потполно не надтрчаа. Играчите на Ливерпул „летаа“ со 200 километри на час, со, и без топката. Уште ме боли главата што го гледав Робертсон како прави спринтови од 100 метри на секоја минута. Мислев дека можевме да издвоиме реми, но не успеавме да се одбраниме“, истакна Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести