Седумкратниот европски и 19-кратен италијански првак Милан, утре ќе ја прослави својата 125-годишнина од формирањето, но вечерва пред мечот со Џенова беше главната фешта на „Сан Сиро“, збогатена со присуство на голем број легенди на овој клуб.
Сепак, Милан не е она што беше некогаш, актуелните Росонери вечерва не успеаја да ја збогатат прославата со победа, и одиграа само 0-0 против Џенова.
Пред почетокот на мечот, многу некогашни ѕвезди продефилираа на теренот, некои беа во ложата. Речиси сè беше идеално како што замислија, освен исвиркувањето на советникот Златан Ибрахимовиќ и конечниот резултат на средбата. После ова реми, Милан е осми на табелата во Серија А, Џенова е 13-та.
Legends, legends everywhere 😍#MilanGenoa #ACMilanWorthEveryMinute #SempreMilan pic.twitter.com/sKRG57M0sN
— AC Milan (@acmilan) December 15, 2024