-4.2 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Фудбалерите на Милан по победата над Рома пееле песни со кои го навредувале Јувентус

Фудбалската федерација на Италија започна истрага против фудбалерите на Милан бидејќи по победата во последното коло над Рома од 2:1 на „Олимпико“ го навредувале Јувентус.

Стрелецот на вториот гол за Милан, Рафаел Леао, на социјалните мрежи објави видео снимено во клупскиот автобус во кое фудбалерите на Милан пеат песни со кои го омаловажуваат Јувентус.

Федерацијата објави дека истрагата е фокусирана на можното прекршување на столбовите на фер однесување и работи на идентификување на одговорните.
Според прописите, за вакви случаи вообичаената казна е парична.

- Оглас -

Најнови вести