Фудбалерите на Наполи и Барселона пред почетокот на реванш-дуелот од 16-финалето во Лигата на Европа, ги здружија силите и заедно на терен се фотографираа со транспарент на кој пишуваше „Запрете ја војната“.
Ова е уште една во низата осуди на она што се случува во Украина, а ќе има негативни последици и врз европскиот фудбал.
Инаку Каталонците само по 14 минути игра, водат со 2-0, па за Елиф Елмас и другарите е пеколно тешка задача да се пласираат во следната рунда од Лигата на Европа. Жорди Алба и Френки де Јонг беа стрелци на головите.
Ова е феноменалниот погодок на Холанѓанецот Де Јонг:
https://twitter.com/i/status/1496941916121935877