9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Фудбалерите на Наполи во хотел во Удине го гледаат мечот Лацио – Сасуоло (Фото)

Наполи уште вечерва би можело да ја обезбеди третата титула првак на Италија во клупската историја, но му треба Сасуоло да освои бод или три на гостувањето кај Лацио, а засега римјаните водат со 1-0.

Фудбалерите на Наполи се во хотел во Удине и со внимание го следат мечот на „Олимпико“. Ако Лацио победи, тогаш на Наполи за титула ќе му треба реми или победа утревечер против Удинезе.

На стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол се поставуваат осум огромни екрани на кои утре 55.000 фанови заедно ќе го следат мечот Удинезе – Наполи.

Најавено е и присуство дури на 10.000 навивачи на Наполи на трибините на „Фриули“ во Удине, и тоа лица кои не живеат во Неапол, туку во северниот дел на Италија.

- Оглас -

Најнови вести