Фудбалерите на Олимпик Марсеј кренале бунт против тренерот Роберто де Ѕерби

Во францускиот прволигаш Олимпик Марсеј се случува вистинска драма. Според францускиот весник „Л’Екип“, тренерот Роберто де Ѕерби во понеделникот се појавил на тренингот и им кажал на играчите дека тој ден нема да ги води, што предизвикало бурна реакција – играчите одбиле да тренираат под водство на неговиот стручен штаб.

Во ситуацијата морал да се вклучи и спортскиот директор Мехди Бенатија, кој речиси еден час разговарал со фудбалерите обидувајќи се да ја смири ситуацијата и да ги потсети на „финансиските вложувања што клубот ги направил во нив“. Некои играчи му реплицирале прашувајќи дали вакво нешто би се дозволило во клубови како Баерн или Јувентус, каде што Бенатија своевремено играл.

Ситуацијата кулминирала по поразот од Ремс минатата недела. По тој натпревар, Де Ѕерби им наредил на фудбалерите да останат во тренинг-кампот и да не се враќаат дома.

„Јас не го гледам моето семејство, нема да ги гледате ни вие“, им рекол тренерот.

Како резултат на тоа, играчите биле лишени од слободен ден и во недела и во понеделник, што ја прелило чашата.

Кога во понеделникот Де Ѕерби им соопштил на фудбалерите дека нема тој да го води тренингот, туку неговите асистенти, фудбалерите, чувствувајќи се изневерени, возвратиле дека ниту тие нема да тренираат.

Откако пристигна во клубот, Де Ѕерби воведе стил на управување кој се движи меѓу создавање семејна атмосфера и остро дисциплинирање. Кога резултатите се добри – пријателски однос. Но, по порази – следат жестоки казни, стегање на редовите и безмилосен режим.

- Оглас -

Најнови вести