Фудбалерите на Палермо разочарани: Останавме сами…

Играчите на Палермо добија свирежи од малубројната публика на „Ренцо Барбера“ по неочекуваното реми без голови со аутсајдерот Фоџа. Пред нив е и неизвесна фудбалска судбина бидејќи клубот не го реши финансиското прашање, а велат дека тие се незаслужено во позиција на единствени жртви, иако не се виновни.

„Не заслуживме свирежи од трибините. Се боревме максимално да победиме. Вака се чувствуваме како да сме оставени сами. Заслуживме многу поголем респект“, изјави Џузепе Белуски.

Александар Трајковски го предводеше нападот на Палермо против Фоџа, а поради повреда, не настапи Илија Несторовски. И пред двајцата е неизвесна иднината во Палермо по хаосот што настана со купопродажбата на англиска компанија.

Претставникот на Global Futures Sports, Клајв Ричардсон, објави дека англиската компанија што вети дека ќе го купи клубот веќе се откажа, па сега темни облаци минуваат над Палермо, иако екипата е на второто место во Серија Б и има реални шанси да се пресели во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести