Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа одигра одличен меч против фаворизираната селекција на Белгија (1-1), но тоа е веќе во архива, затоа што веќе денеска мислите се насочени кон следниот предизвик, дуелот со Казахстан.

Фудбалерите попладнево патуваат за Астана, каде в понеделник ќе го играат следниот натпревар од квалификациите за СП 2026. Секако, планот е освојување на нови три бода и задржување на позитивниот импулс.



