Порто со 4:0 го победи Бриж на гости во попладневниот термин вчера во Лигата на шампионтe и чекаа да видат како ќе заврши исходот на дуелот Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен. Финишот на мечот во Мадрид фубалерите на Порто го дочекаа во авион, на пат од Белгија кон дома.
Атлетико и Баер Леверкузен одиграа 2:2, а во 99-тата минута беше досуден пенал за Јорганџиите. Доколку Атлетико дадеше гол, шпанскиот тим ќе ги задржеше шансите за осминафиналето и во директен дуел ќе решаваше против Порто. Сепак, Караско промаши од белата точка, а кога фудбалерите на Порто сфатија дека дуелот во Мадрид заврши нерешено и дека тие веќе се дел од осминафиналето во Лигата на шампионите, во авионот започна големо славење.
https://twitter.com/i/status/1585380354512326664