21.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Фудбалерите на ПСЖ кои ги навредуваа играчите на Олимпик Марсеј добија условни казни

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Франција казни четворица фудбалери на ПСЖ со условна казна од еден меч суспензија поради навредливо скандирање на сметка на фудбалерите на Олимпик Марсеј по нивниот меѓусебен дуел.

Комисијата ги испрашала Осман Дембеле, Рандал Коло Муани, Левен Курзава и Ашраф Хакими откако беа снимени како ги навредуваат играчите на Олимпик Марсеј по победата од 4:0 во дуелот од Лига 1 кој се играше минатиот месец.

Четворицата фудбалери на ПСЖ се извинија за својата постапка, по што добија условни казни.

- Оглас -

Најнови вести