Реал Мадрид ја заврши сезоната со само два освоени трофеи, оние од европскиот Супер куп против Аталанта и Интерконтиненталниот куп, но не успеа да ги одбрани трофеите во Лигата на шампионите, Ла Лига и шпанскиот Супер куп, а загуби и во финалето на кралскиот Куп од Барселона, па сезоната за „кралевите“ може да се отцени како апсолутно неуспешна.
Флорентино Перес спас на сезоната гледа во Светското клупско првенство, па на фудбалерите им ветил премија од по еден милион евра доколку успеат да го освојат новото натпреварување на ФИФА.
На клупскиот Мундијал во САД, Реал Мадрид е во група со Ал-Хилал, Пачука и Салцбург и не би требало да има проблеми да мине во следната фаза, но веќе во осминафиналето ќе биде пред сериозен предизвик, бидејќи нивната група вкрстува со онаа во која се Манчестер сити и Јувентус.