Според информациите кои ги пренесува „Атлетик“, во соблекувалната на Реал Мадрид владее големо незадоволство, и тоа од новиот тренер Чаби Алонсо. Близок пријател на фудбалер пренесува дека коментарите се во стилот „се замислува дека е Гаврдиола, но тој е само Чаби Алонсо“.
Фудбалерите не биле задоволни од строгите правила на Шпанецот, кој сака ред, работа и дисциплина. Чаби Алонсо ги терал фудбалерите да тренираат многу повеќе од претходно, а видеоанализите траеле предолго.
Сепак, резултатите на Кралскиот клуб оваа сезона зборуваат нешто сосема друго. На 13 меча оваа сезона, Чаби Алонсо има 12 победи и само еден пораз, оној од Атлетико Мадрид, и веќе има предност од пет поени пред Барселона на табелата во Ла Лига.

