Фудбалерите на Реал се вратија во Мадрид, навивачите ги пречекаа со транспарент „Срамота“ (Видео)

Реал Мадрид оваа сезона четирипати беше поразен од Барселона. „Кралевите“ загубија во финалињата на Купот и на Супер купот на Шпанија, а двапати беа поразени и во Ла Лига, па остануваат само со теоретски шанси за трофејот, бидејќи „каталонците“ имаат седум бода предност на три кола пред крајот.

Фудбалерите на Реал веќе се вратија во Мадрид после поразот од 4-3 на „Монжуик“, а пред тренинг-центарот ги пречекаа навивачи кои се незадоволни од нивните игри. На местото каде што требаше да се симнат фудбалерите беше поставен транспарент на кој пишуваше „Срамота“, но тој беше отстранет од обезбедувањето.

Навивачите имаа порака и за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на кого му порачаа „веднаш да си замине од клубот“.

- Оглас -

Најнови вести